Фабриката на „Маркарт“ во Велес почна со вработувања

Bez autora
Sep 24 2014

Од сабота групацијата „Маркарт“ ќе го почне процесот на вработување за новата фабрика во индустриската зона Kараслари крај Велес, чие производство треба да почне кон средината на следната година. Првично ќе се отворат 100 работни места, а во следните пет години ќе се вработат над 500 лица. На „Денот за вработување“ сите заинтересирани ќе може да се запознаат со групацијата „Маркарт“ и со можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање. Истовремено, ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и контрола на квалитетот, но и за административните оддели - човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.

Фабриката на „Маркарт“ во Велес почна со вработувањаОд сабота групацијата „Маркарт“ ќе го почне процесот на вработување за новата фабрика во индустриската зона Kараслари крај Велес, чие производство треба да почне кон средината на следната година.

Првично ќе се отворат 100 работни места, а во следните пет години ќе се вработат над 500 лица.

На „Денот за вработување“ сите заинтересирани ќе може да се запознаат со групацијата „Маркарт“ и со можностите што ги нуди, како и со внатрешната структура и работните места што се на располагање.

Истовремено, ќе се одржат и интервјуа со кандидатите за слободните работни места во производство, логистика и контрола на квалитетот, но и за административните оддели - човечки ресурси, финансии, ИТ и продажба.

- Веќе ги вработивме првите четири лица, а планираме фабриката во Велес да ја отвориме на ист начин како и нашите други фабрики и затоа е неопходно да обучиме кадри согласно со нашите потреби. Тоа значи дека ќе почнат со соодветна обука во Романија или Германија во зависност од работата што ќе треба да ја работат - рече главниот извршен директор Харалд Маркарт.

За работа ќе може да се пријават луѓе од цела Македонија бидејќи ќе има организиран превоз и менза.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik